Родителите на загинатите во трагедијата во „Пулс“ упатија повик до јавноста да им се приклучи на 29 ноември во 14:05 часот на 29. издание на „Маршот на ангелите“, кој ќе започне од Паркот на револуцијата во Кочани.
Настанот е најавен како мирен и достоинствен собир, посветен на жртвите и како потсетник дека зад секоја судска одлука стојат вистински човечки животи и семејства што сè уште ја чекаат правдата што им следува.
Организаторите нагласуваат дека маршот не е протест, туку глас против неправдата – повик општеството да не заборави и институциите да покажат совест и одговорност.
Маршот што ќе се одржи на 29 ноември е нивниот начин да потсетат дека борбата за правда продолжува, а довербата во институциите мора да биде заслужена, не претпоставена.