Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка
ПОЛИТИКА

Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка

Објавено December 3, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче. Од партијата информираат дека оставки поднеле заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.

Оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот на партијата.

„Со овој одговорен и морален чекор, раководството на СДСМ отвора простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување, зајакнување, вклучување на нови луѓе, организациско редизајнирање и внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, се наведува во соопштението.

На една од следните седници на Централниот одбор, Филипче ќе треба да предложи нови членови на партиските органи. Од СДСМ велат дека за функциите ќе бидат избрани „најкомпетентните личности“.

Ваквиот потег во СДСМ следи по лошите резултати кои партијата ги имаше на последните локални избори.

Промени се најавуваат и во ВМРО-ДПМНЕ по партискиот конгрес кој викендов ќе се одржи во Кавадарци. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да добие нов четиригодишен претседателски мандат, кој најави дека ќе му биде последен на лидерската позиција. На Конгресот се очекува и ВМРО-ДПМНЕ да измени голем дел од партиските тела и раководството.

Конгрес во декември најави и ДУИ, кои исто така имаа незадоволителен резултат на локалните избори. И од Мала Речица се најавува освежување во партијата, без поголеми шанси за промена на лидерството.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ејпл именува нов шеф за вештачка интелигенција со искуство од Гугл и Мајкрософт
Следна Статија Патриотите triumphiraа во Monday Night Football, победувајќи ги Џајантс со 33-15

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи ниту потврдува ниту демантира дека се сретнал со Груевски во Унгарија

Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат. Ова денеска го…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ

ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Христијан Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов со барање до Филипче: Време е за лично заминување

Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата, Петре Шилегов заедно со група членови…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?