Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Објавено December 3, 2025 14:01
Сподели
Сподели

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 82 пратеници кои гласаа, Чучуљ доби едногласна поддршка со 82 гласа.

Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги колегите да го поддржат кандидатот, истакна дека „Чучуљ навистина може да ги зајакне капацитетите и репутацијата на ДКСК“.

Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на Комисијата, каде што работи веќе 19 години. Тој доби највисоки оценки од Комисијата за селекција на кандидатите – 96,5 бодови. Според оценката, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Огласот за избор на нов претседател беше објавен уште летово, но постапката беше прекината поради локалните избори. Од вкупно 13 пријавени кандидати, селектирани беа 10.

Чучуљ доаѓа на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка поради обвиненија во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Претходно, по усвојувањето на дневниот ред, Собранието на денешната седница ги избра Ана Тромбева Гавриловска, Марко Спасов, Мурат Алиу, Бертон Сулејмани, Агим Хазири и Никица Мојсоска Блажевски за членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Исто така, беше донесена одлука за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Седницата продолжи со расправа по предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
Следна Статија Ѓорѓиевски назначи нови в.д. директори во „Дрисла“ и „Градски паркинг“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

Македонските средношколци постигнаа одлични резултати на Балканската математичка олимпијада (БМО) 2025, која се одржа во главниот град на Босна и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

УЈП го казнила „Пулс“ во декември

На 16 март така наречената дискотека „Пулс“ на Бел Рид во Кочани однесе 59 млади животи и остави зад себе…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?