Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прво огласување на Милевски по заминувањето од селекторската позиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Прво огласување на Милевски по заминувањето од селекторската позиција
СПОРТ

Прво огласување на Милевски по заминувањето од селекторската позиција

Објавено December 3, 2025 16:09
Сподели
Сподели

Доскорешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски со соопштение се огласи откако неговиот договор со ФФМ заврши на 30.ноември.

Драги поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година, обезбедуваа услови и поддршка што ни овозможија да постигнеме резултати вредни за историјата на македонскиот фудбал.

Посебна благодарност упатувам до претседателот Масар Омерагиќ за континуираната и јасна поддршка во изминатиот период. Таквите основи се неопходни за секој професионален процес да функционира стабилно. Во фудбалот, како и во секоја друга област.

Особено сум горд на нашите фудбалери. Нивната енергија, посветеност и упорност ни донесоа победи и резултати кои ќе останат во сеќавање. Тие покажаа што значи да се игра за Македонија и тоа ме исполнува со вистинска гордост.

Благодарен сум и на мојот стручен штаб, медицинскиот и логистичкиот тим за професионалноста и соработката. Секој од нив ја вршеше својата работа тивко и прецизно, како дел од една целина што мора да биде усогласена за да успее.

Чест ми беше да ја водам репрезентацијата и да бидам дел од овој заеднички труд. Јас и во иднина ќе бидам со репрезентацијата, со внимание, поддршка и почит, се вели во соопштението на Милевски.

Новиот селектор на македонскиот национален тим ќе биде избран во текот на овој месец, најдоцна до 25 декември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За еден ден преполовени прекршоците во системот „Безбеден град“
Следна Статија Николоски од денеска во работна посета на Брисел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

СКАНДАЛ: Косовските фудбалери го напуштија теренот во Букурешт поради „Косово е Србија“ (ВИДЕО)

Скандал во Букурешт на натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово кој не го дочека својот крај откако,…

November 16, 2024
СПОРТ

Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина Копенхаген каде задутре игра екстремно важен бараж меч за пласман на СП.…

March 24, 2026
СПОРТ

Tренерот на АЕК: Ќе дадеме се од себе во Скопје

Не одигравме добар натпревар и ова е цената што се плаќа за да научиме, истакна тренерот на АЕК Фредерик Бужан…

May 19, 2025
СПОРТ

Марка: Лионел Меси е најуспешниот фудбалер на сите времиња (ВИДЕО)

Лионел Меси против Боливија во квалификациите за Светското првенство, меч на кој постигна три гола и забележа две асистенции со…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?