Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно затворање на граничниот премин Евзони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Повторно затворање на граничниот премин Евзони
БАЛКАН

Повторно затворање на граничниот премин Евзони

Објавено December 5, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Околу 14 часот по локално време, грчките фармери повторно го затворија граничниот премин Евзони за проток на луѓе и возила кон нашата држава. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, се очекува блокадата да биде активна до 22 часот.

На грчката страна од границата се распоредени над 300 трактори. Слична блокада беше спроведена и вчера, во текот на претпладневните часови, како и од 18 до 22:30 часот, по што сообраќајот беше нормализиран и се одвиваше тековно до 14 часот.

Низ цела Грција, земјоделците имаат воспоставено вкупно 14 блокади со повеќе од 6.000 трактори, од кои две се на граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија).

На Ники, блокадата денес траеше накратко, исто како и вчера, и се однесуваше само на товарни возила, а не и на патнички автомобили.

Вообичаена практика на земјоделците, како и во минатите години за време на нивните протести, е да не ги објавуваат блокадите, бидејќи тракторите и земјоделските возила се позиционирани на преминот и остануваат таму. На секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и колку долго ќе блокираат.

Граничниот премин Дојран засега останува единствениот каде што нема блокади и движењето на луѓе и возила кон Грција се одвива без пречки.

Земјоделците од Солун денеска се обидоа со тракторите да стигнат до солунскиот аеродром и таму да постават нова блокада, меѓутоа беа спречени од полицијата, по што се случија и инциденти со употреба на солзавец.

Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен е автопатот Солун-Атина. Кај градот Кардица во блокадата учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.

На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.

Грчките земјоделци ги започнаа протестите во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност
Следна Статија Младо момче пронајдено починато во својот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Објавена првата фотографија од кумот на Звицер кој ги „скина“ „Македонците“ во Атина

Милован Здравковиќ, кумот на Радоје Звицер, кој беше уапсен во Загреб по потерница од Србија беше познат како криминалец од…

October 25, 2024
БАЛКАН

Сократис Фамелос е избран за нов лидер на СИРИЗА

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија…

November 25, 2024
БАЛКАН

Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради…

July 31, 2025
БАЛКАН

Зошто САД му ги укинаа санкциите на Додик?

Одлуката на американската администрација на Доналд Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик и група негови соработници предизвика жестоки…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?