Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
МАКЕДОНИЈА

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

Објавено December 9, 2025 12:31
Сподели
Сподели

Со цел побезбедни празници – да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици што можат да запечатат нечиј живот.

– Петардите се опасни и штетни. Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и за време на празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчка, туку опасни средства што можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите – наведува во видео – изјава, портпаролот Гоце Андреевски.

Од МВР нагласуваат дека Министерството презема и акциски контроли, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби каде е санкционирана употребата на пиротехнички средства, како и нивната нелегална продажба.

– Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што: тој кој неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи што на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор – потенцираат од Министерството.

МВР во соработка со партнерите од невладините организации и други институции продолжува со активностите во оваа насока.

– Апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца затоа што тоа може да има трагични последици. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112 – истакнуваат од Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гартнер препорачува блокирање на сите AI пребарувачи
Следна Статија Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје против загадениот воздух: Граѓаните бараат итни мерки

Зелен хуман град утре од 16 часот организира протестен марш за чист воздух, кој ќе започне од Министерство за животна…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Неколку деца од Кочани, преживеани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кои се враќале од лекување во Турција, доживеале непријатна…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција (ВИДЕО)

Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?