Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе

Објавено December 11, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти, обвини денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков, притоа, на прес-конференцијата покажа документ како доказ за неговите тврдења.

Прес-конференцијата и обвинувањата од Лефков доаѓаат откако темата за депортација на мигранти од Велика Британија во земјава стана повторно актуелна во јавниот дискурс по пишувањата на дел од британските медиуми за наводните преговори меѓу владите на двете земји за примање мигранти.

За оваа тема лидерот на СДСМ, Венко Филипче, деновиве говори на прес-конференции и ја обвини власта на ВМРО-ДПМНЕ дека молчи за, како што кажа, тајните преговори и договори со Велика Британија за депортација на мигранти од островот во земјава.

Според Лефков, Филипче, додека бил министер во владата на Зоран Заев, во 2018 година учествувал во носењето План за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.

Како доказ, тој го цитираше „Службениот весник на Република Македонија“ број 16 од 26.01.2018 година, каде, како што рече, во точка 1.6 стои:

„Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци“.

Ова, рече Лефков, е поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце.

„Овие мигранти кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија“,кажа Лефков.

Според пратеникот, декларацијата и темата за мигрантски кампови се обиди само за „спас на криминалите на Заев и Филипче“.

Лефков упати низа критики кон Филипче, обвинувајќи го за манипулација и прикривање криминал.

„Ваквото манипулаторство значи дека крадецот вели ‘држете го крадецот’, кога човек со сомнителни морални особености се претставува како праведен, а нечесен криминалец се претставува како чесен адвокат на правдата“,рече тој.

Лефков ја критикуваше и партиската политика на Филипче, тврдејќи дека тој е единствениот политичар кој го спуштил СДСМ на 130 илјади гласови и ја направил партијата петта по големина во Скопје.

Филипче, рече Лефков, организира протест и нуди декларација за непостоечка тема.

„Му препорачуваме да повика на марш за заштита на зимзелените дрва на Марс. Бидејќи, колку што има зимзелени дрва на Марс, толку ќе има и мигранти и тука. Па оттука, нека протестира и за тоа, кога веќе нема друга работа и на ваков расипан, гнасен начин го потценува сопствениот народ“,додаде Лефков.

Тој побара Венко Филипче јавно да се извини за, како што вели, лажење на јавноста и граѓаните.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оваа Влада ниту водела ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – вели Муцунски
Следна Статија До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

Македонско Патриотско Здружение В’мбел Егеј преку Фејсбук се обрати со своите членови, симпатизери, поддржувачи.Сакаме да ве информираме дека нашето здружение…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Студентите на УКИМ одадоа почит на настраданите од Кочани (ВИДЕО)

На платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска на пладне, студенти и ученици од средните училишта во Скопје одржаазаеднички…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?