Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: САД добија предлог за територијални отстапки од Украина, соопшти Мерц
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > САД добија предлог за територијални отстапки од Украина, соопшти Мерц
СВЕТ

САД добија предлог за територијални отстапки од Украина, соопшти Мерц

Објавено December 11, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека изменет предлог за територијални отстапки од Украина како дел од планот за завршување на војната вчера му беше предаден на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.

– Постои предлог за кој (Трамп) не знаел кога разговаравме по телефон (вчера) бидејќи сè уште не им беше испратен на Американците. Го подготвивме вчера доцна попладне. Главно е прашањето какви територијални отстапки е подготвена да направи Украина – рече Мерц на прес-конференција во Берлин, одржана заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Канцеларот не даде дополнителни детали, посочувајќи дека „работа на украинскиот претседател и украинскиот народ“ е да одговорат на ова прашање.

Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер вчера водеа телефонски разговор со Трамп.

Претседателот Трамп наводно покажал нетрпение и рекол дека користел „силни зборови“ за време на разговорот, предупредувајќи дека САД не сакаат да „губат време“.

Германскиот канцелар пред два дена изјави дека планот треба да се стреми кон три цели: прекин на огнот, „цврсти“ гаранции за безбедноста на Украина и договорено решение кое ги зачувува европските безбедносни интереси, а воедно ја признава Москва како закана за безбедноста на континентот.

Украина потврди дека на САД им предала мировен план од 20 точки. Тој содржел „некои нови идеи“ за територијата и контролата на нуклеарната централа Запорожје, соопштија украинските власти, цитирани од британските медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопските јавни претпријатија во „була“ од 10 милиони евра и со долгови од близу 80 милиони евра
Следна Статија Тело на жена пријавена за исчезната пронајдено закопано во гостиварско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да „даде ништо ниту да заборави“ на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената…

October 20, 2025
СВЕТ

Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април

Новиот канадски премиер Марк Карни денеска распиша предвремени парламентарни избори за 28 април. На прес-конференцијата на која го соопшти датумот…

March 23, 2025
СВЕТ

Се судрија бродови во Венеција, има повредени патници (ВИДЕО)

Денеска во Венеција дошло до судир на брод, кој работел како јавен превоз, и туристички брод. Несреќата се случила пред…

December 14, 2024
СВЕТ

Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа повторно го изрази своето незадоволство од продолжувањето на руското бомбардирање во Украина.…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?