Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пари во буџетот има, правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози

Објавено December 15, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12.

-Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред, тоа значи дека минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не може тие да се обработат, се случуваше доверителите да не добијат навремено, да влеземе во друга фискална година, затоа рековме нека биде 15 декември последниот датум, да се обидеме сите да бидеме дисциплинирани. Се разбира дека и на 25 и на 31 декември ако дојде налог истиот ќе биде процесуиран, но вие не можете секогаш во 5 до 12 да ги завршуваме работите, ајде еднаш да бидеме дисциплинирани и навремено да ги завршуваме работите, ете тоа беше иницијативата, истакна премиерот Мицкоски.

Во однос на обвинувањата на СДСМ дека недостасувале 60 милијарди денари, премиерот Мицкоски нагласи дека тоа е невистина, односно апсолутно буџетот е во одлична кондиција.

-Веќе во првите 10 дена од овој месец се собраа 15 милијарди, да не заборавиме дека 25 во месецот се плаќа ДДВ и слично, но тоа што тие го гледаат како податок на сајтот на Министерство за финансии не ги вклучува сопствените приходи на институциите, затоа што сите тие имаат буџетска и сопствена сметка. Кога сето тоа ќе се вклопи, односно кога ќе влезе во базенот, доаѓаме до оние 350-60 милијарди денари кои треба да ги собереме, но исто така треба да знаеме дека и расходите процентуално ги пратат приходите, односно расходите се во истиот процент како и приходите, тоа значи дека буџетскиот дефицит се намалува, а тоа е разликата помеѓу расходната и приходната страна, појасни премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски категорично ги отфрли наводите дека имало доцнење со исплати надвор од разумен рок од неколку дена.

Сите средства се исплаќаат навремено, може да има некој ден доцнење, од проста причина што прераспределбата во буџетот помина сега во рамките на Собранието, и сега треба да се потпише, да излезе во Службен весник и тој процес да помине низ институциите и тие да ги префрлат тие средства до граѓаните и крајните корисници, рече премиерот Мицкоски.

Во однос на буџетскиот дефицит премиерот Мицкоски појасни дека тој се финансира на три начини еден е преку државните хартии од вредност, вториот преку екстерни извори односно договор со комерцијална банка откако претходно ќе се направи локален натпревар на понуди, и третиот преку еврообврзница потсетувајќи дека владата врати, еврообврзница, а не издаде нова.

-Јас ќе ги потсетам граѓаните дека оваа година ние не издадовме еврообврзница, а вративме еврообврзница од половина милијарда евра на 19 јануари. Ние вративме половина милијарда евра, а не издадовме. Буџетскиот дефицит оваа година ќе биде под 4% од номиналниот БДП, а номиналниот БДП ќе биде поголем од проектираниот на почеток на годината, ова се макроекономски параметри кои што гарантираат стабилност. Да сумирам состојбата е стабилна, но мора да се научиме на ред и дисциплина, не може стихијно да се трошат парите и не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ
Следна Статија Kaј селото Никулец во Преспанското езеро пронајден откриен редок органски материјал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Последен повик за Bahama Breeze: Единствениот ресторан во Вашингтон се затвора

Синџирот ресторани со карипски теми најавува затварање на сите свои локации по 30 години работење, вклучувајќи ја и единствената локација…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка…

April 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот

Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?