Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост
ХРОНИКА

Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост

Објавено December 17, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В. И. од Арачиново, кое почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 1 октомври. Ова произлегува од медицинската документација што ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, вчера информираше дека до министерот за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија, која треба да утврди дали во текот на лекувањето и третманот на новороденчето имало евентуални пропусти. По наредба на министерот за здравство, во вторникот бил извршен вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Надзорот бил спроведен поради сомнежи околу постапувањето во случајот со новороденчето, кое почина неколку дена по раѓањето.

Според увидот во медицинската документација, родилката В. И. се јавила на преглед на 27 септември и, како итен случај, била хоспитализирана на Одделот за патолошка и високоризична бременост. Следниот ден, на 28 септември, била донесена одлука за породување со царски рез, кој бил извршен во вечерните часови. Предвреме било родено живо машко дете во 36. гестациска недела. Четири часа по раѓањето, на 29 септември, новороденчето било префрлено на Одделот за интензивна нега поради средно тежок респираторен дистрес.

Направената рендгенска снимка на белите дробови покажала парцијален пнеумоторакс на левата страна. Детето веднаш било седирано, интубирано и приклучено на апарат за вештачко дишење, а била започната и тројна антибиотска терапија поради сомнение за конгенитална сепса. Во лекувањето бил вклучен и детски хирург, кој препорачал конзервативен третман. Во текот на 29 септември, детето двапати било реинтубирано поради спонтано вадење на цевката за дишење. На 1 октомври, состојбата нагло се влошила. Биле повикани детски кардиолог и детски хирург, кој поставил дрен поради масивен пнеумоторакс на десното белодробно крило. Истовремено, бил извршен и ултразвучен преглед на мозокот, при што бил констатиран едем на мозокот.

И покрај преземените мерки и кардиопулмоналната реанимација, при која бил даден адреналин во три наврати, состојбата не можела да се стабилизира. Смртта настапила во 19:00 часот на 1 октомври.

Како официјална причина за смртта се наведуваат масивен пнеумоторакс, белодробен емфизем, мозочен едем и кардиореспираторна инсуфициенција. Побарана е обдукција од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, но извештајот сè уште не е изготвен. Родилката била испишана од Клиниката на 1 октомври, по сопствено барање и спротивно на препораката на лекарите. За случајот заседавала и Комисијата за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита при Клиниката, на 14 и на 28 октомври, во согласност со законските процедури.

Формирањето на стручната комисија треба да даде одговор дали биле направени медицински пропусти во овој трагичен случај и дали било постапувањето согласно со стандардите. Во меѓувреме, родителите на починатото новороденче најавија тужба против Клиниката за гинекологија, а случајот го истражува и Јавното обвинителство. Во јавноста беа објавени изјави од две специјализантки, кои во интерната истрага што се водела за смртта на новороденчето тврделе дека имало несоодветно лекување од страна на докторка педијатар на интензивна, која по случајот била префрлена на друг оддел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Љупчо Пецов-Ѓаволот им се предал на правосудните органи и наместо затворски добил куќен притвор
Следна Статија Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Парче од мобилниот на Вања бил пронајден во „цитроенот“ на Панче

Парче од мобилниот телофон на киднапираната Вања Ѓорчевска било пронајдено во возилото на Панче Жежовски, откри на денешното рочиште поранешениот…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино

Здружението „Анимал Лаверс“ - Струмица со огромна загриженост ја информира јавноста за свирепото убиство на кучето Рекс, кое беше застрелано…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?