Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Од 1 јануари нова просечна потрошувачка кошничка

Објавено December 17, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Од 1 јануари Владата ќе воведе пресметка на просечна потрошувачка кошничка за најмалку четиричлено семејство, најави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Покрај синдикалната минимална кошничка, новата пресметка ќе служи како основа за креирање економски политики и зачувување на животниот стандард.

Како што посочи Ристески, темата ќе биде разгледана на седница на Економско-социјалниот совет закажана за 22 декември, каде синдикатите и работодавачите ќе имаат можност да дадат мислење за предложениот модел.

Просечната потрошувачка кошничка ќе се пресметува врз основа на цените во најголемите супермаркети, основните прехранбени производи и регионалните разлики, при што ќе се земаат предвид и сезонските карактеристики на овошјето и зеленчукот.

Ристески најави дека во иднина ќе се изработуваат и други кошнички – за двочлено и трочлено семејство, како и за пензионери.

Во однос на минималната плата, тој истакна дека зголемувањето согласно Законот треба да се случи до крајот на март 2026 година и да изнесува од 1.700 до 2.000 денари, но Владата е отворена за евентуални измени доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор за нова формула.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост
Следна Статија Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати се зголемуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?