Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ

Објавено December 18, 2025 16:19
Сподели
Сподели

Председателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку статус на Фејсбук му одговори на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ преку него се обидело да 1 нанесе штета на партијата. Шилегов вчера, еден ден по екипирањето на новото раководство на СДСМ, го повика Филипче да си поднесе оставка нарекувајќи го „тезгарош“.

Според Филипче, власта пронашла „еден од нас, послаб, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени“.

Еве ја целата објава на Венко Филипче:

„Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.

Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.

Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.

А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.

Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени.

Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме. До него е да одлучи која страна ќе ја избере.

Сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди. Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дарлишта од ДУИ во обид за бегство од полицијата, фатен на Долно Блаце
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Синот на Буши вработен во М-НАВ, Алими таму има три роднини и снаа

Коалицијата ВРЕДИ денес откри дека синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назиф Буши, извесен Сами Буши, бил вработен во…

February 20, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Бадентеровото правило ја доведува во прашање функционалноста на државата

Бадентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ за наша…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мишко Ралев: Од ТВ дознав дека не сум кандидат за Скопје на СДСМ

Професорот и архитект Мишко Ралев беше меѓу најпосакуваните кандидати за градоначалник на град Скопје со поддршка на СДСМ, но опозициската…

August 8, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?