Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања

Објавено December 19, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Се работи за компании од областа на високата технологија кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра и ќе отворат околу 1 000 работни места.

Како што рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Алкалоид“, до крајот на годината се очекуваат уште најмалку три потврди за инвестиции во земјава.

-Преговараме со многу странски компании кои ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви, една турска и една германска кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра, а извозот што двете заедно ќе го прават ќе биде над 200 милиони евра. Вкупно двете компании би требало да вработат околу 1 000 лица. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија што посебно не прави горди, изјави премиерот.

Според него, и следната година ќе продолжат разговорите за инвестиции на странски компаниии во земјава.

-До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме. Да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но се разбира и компании кои доаѓаат од надвор и пројавуваат интерес да инвестираат тука се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип инвестиции, во висока технологија, рече претседателот на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија
Следна Статија Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра, целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе…

August 23, 2025

Инвеститорот предвидува значаен пресврт за акциите на Nvidia

Nvidia продолжува да биде клучен играч на пазарот на технологии, привлекувајќи огромно внимание кај инвеститорите

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?