Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев

Објавено December 20, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.

Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.

Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.

Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маглата го поремети авиосообаќајот на скопскиот аеродром
Следна Статија Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – утре почнува летното сметање на времето

Во Македонија летното сметање на времето почнува на 30 март, откако во два часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?