Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
МАКЕДОНИЈА

Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови

Објавено December 21, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Вкупно 27 летови денеска беа погодени од густата магла која ја окупираше Скопската котлина. Билансот на Меѓународниот Аеродром Скопје до 18 часот изнесува 16 откажани и 11 пренасочени летови поради намалената видливост.

Краткотрајно подобрување на временските услови имаше дури во попладневните часови. Тоа овозможи слетување на авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, како и полетување на летовите кон Истанбул, Осло и Баден-Баден.

Сепак, прогнозите не се оптимистички. Од ТАВ Македонија предупредуваат дека според најавите од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на претстојната ноќ.

Од компанијата потенцираат дека аеродромот технички не е затворен, но временските неприлики го диктираат сообраќајот.

„Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, се вели во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти
Следна Статија Почина актерот Лазе Манасков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Декември оваа година ќе биде малку потопол од просекот, врнежите просечни

Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?