Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина актерот Лазе Манасков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина актерот Лазе Манасков
ХРОНИКА

Почина актерот Лазе Манасков

Објавено December 21, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Македонската театарска и филмска сцена денес остана посиромашна за уште едно големо име. На 66-годишна возраст почина истакнатиот актер Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

Веста за неговото заминување ја споделија неговите колеги, кои и покрај болката, одлучија вечерва да останат на сцената во негова чест.

Изведбата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе биде посветена токму на нивниот починат колега.

Манасков (Манасковски) е роден во 1959 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1984 година, во класата на професорот Илија Милчин. Кариерата ја започнува во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а од 1990 година станува дел од Драмски театар Скопје.

Публиката ќе го памети по бројните улоги во култни претстави како „Тетовирани души“, „Црно семе“, „Ангели на отпад“ и „Буре барут“, но и по филмските остварувања, меѓу кои и улогата во „Среќна Нова ’49“.

„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, стои во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
Следна Статија Денеска календарски ни започнува зимата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

На 24.02.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21:20…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Син си ги натепал родителите, обвинителство со предлог – лицето од Петровец да оди во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Расчистен случајот со оружјето пронајдено во Арачиново – Лишен од слобода 29-годишен кумановец

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?