Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност

Објавено December 21, 2025 15:57
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба.

-Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата, наведе Мицкоски.

Премиерот посочува дека наставата на турски јазик е дел од нашето историско и општествено наследство и придонесува кон градење образовен систем заснован на почит, еднаквост и меѓусебно разбирање.

-Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата. Честит Ден на наставата на турски јазик, додава премиерот во објава на Фејсбук.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загадувањето на воздухот, ако сакаа за седум години можеа да го намалат
Следна Статија Уапсен вооружен Нигериец кој нападнал полицаец пред дискотека во Градски парк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за транспорт: Целосно исчистена автоделницата Гостивар-Скопје

Од Министерството за транспорт информираат дека целосно е исчистена делницата Гостивар-Скопје. Делницата е целосно исчистена од снег и сообраќајот се…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за РТК: Во Македонија нема никој против албанскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски, на гостување во Радио Телевизија Косово, зборуваше за уставноста на Законот за јазиците, и кажа дека во…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Декември со високи температури и густа магла во котлините

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?