Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
СВЕТ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Објавено December 23, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „националната заштита и затоа мора да го имаме“.

Како одговор на прашањето на Би-Би-Си за новата улога на Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, кој беше назначен за специјален пратеник за Гренланд, тој, исто така, изјави дека Вашингтон „ќе мора да го реши тоа“ и дека на САД „им е потребен Гренланд за национална безбедност, а не за минералите“.

Американскиот претседател предизвика нов спор со Данска откако го именуваше гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд, огромниот арктички остров за кој рече дека сака да го анектира.

Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, вчера во заедничка изјава го повторија барањето за почитување на нивните граници, откако Ландри претходно објави дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“.

Веќе го кажавме тоа и претходно, сега го повторуваме. Националните граници и суверенитетот на државите се утврдени во меѓународното право. Не можете да анектирате други земји“, рекоа премиерите во заедничка изјава, пренесува „Гардијан“.

Тие додадоа дека станува збор за „основни принципи“.

„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и САД не треба да го преземат Гренланд. Очекуваме почитување на нашиот заеднички територијален интегритет“, се наведува во заедничкото соопштение.

Претходно, шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, изјави дека неговата земја инсистира дека сите, вклучително и САД, мора да го почитуваат „територијалниот интегритет на Кралството Данска“.

Портпаролот на ЕУ, Анвар Ел-Ануни, исто така, реагираше на изјавата на Ландри, велејќи дека територијалниот интегритет и суверенитетот на Кралството Данска мора да се зачуваат.

На почетокот на својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, Трамп ја објави својата намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја неговата стратешка позиција за безбедноста на САД како објаснување, додека Данска, која ја контролира арктичката територија во последните 300 години, одби да се откаже од Гренланд.

Ова не е прв обид на САД да го купат Гренланд од Данска, а првите такви преговори ги водеше американскиот државен секретар Вилијам Х. Сивард во 1867 година, кога не беше постигнат никаков договор.

Во 1946 година, САД понудија 100 милиони долари за територијата, сметајќи ја за витална за националната безбедност, но данската Влада одби.

Трамп се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв мандат како претседател, но данската и Владата на Гренланд ја отфрлија понудата во 2019 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување
Следна Статија Која е Татјана, најбогатата Украинка која се крие во Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го именуваше Дрискол за нов специјален пратеник за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го именува секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за…

November 22, 2025
СВЕТ

Политико: Иран има „листа за отстрел“, вклучувајќи го и Трамп

Покрај републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на списокот за убиства во Иран има и десетина негови поранешни соработници и генерали,…

October 12, 2024
СВЕТ

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување…

December 3, 2025
СВЕТ

Израел и Иран продолжуваат со нападите, конфликтот влегува во втора недела

Нападите меѓу Израел и Иран продолжија во текот на целата ноќ. Судирите денес влегуваат во втората недела, откако Израел започна…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?