Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Слободно ќе ги изразиме своите ставови, кажа историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Слободно ќе ги изразиме своите ставови, кажа историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија
МАКЕДОНИЈА

Слободно ќе ги изразиме своите ставови, кажа историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија

Објавено October 23, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Треба да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, вели во телевизиско интервју историчарот Митко Панов, кој е еден од новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Панов, во пресрет на утрешниот состанок со нивните колеги од бугарска страна, а кој доаѓа по подолг период, вели дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече оти е оптимист доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

„За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување. Јас претходно многу пати сум кажал дека не се согласувам со досегашниот концепт на работа на претходната комисија. Ќе видиме како понатаму ќе се делува“,рече Панов во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, она што е охрабрувачки е дека како тим на историчари се оставени слободно да ги изразуваат своите ставови и научни гледишта. Ова, како што рече Панов, им било кажано и на вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Имавме протоколарна средба на која министерот беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување. Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип на комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта на Комисијата и моето разбирање на комисијата“,додаде Панов.

Прашан дали ќе се држат до историските факти и толкувања, без оглед на исходот од работата на оваа комисија и дали за тоа добиле уверувања од министерот, Панов рече дека се растоварени од какви било политички влијанија и тоа според него е атмосфера во која треба да работи комисијата и да дискутира за историографски проблеми коишто се можеби продукт на 19 век.

„Ќе видиме како понатаму ќе се делува“,рече тој.

На почетокот на септември годинава Владата на затворена седница го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател беше назначен Ванчо Ѓоргиев, професор на Факултетот за историја во Скопје. Во новата комисија нема да биде дотогашниот претседател Драги Ѓорѓиев, кого премиерот Христијан Мицкоски го обвини дека не ги штител доволно националните интереси.

Други членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Вчера министерот Муцунски имаше средба со старо-новиот состав на Комисијата на која, како што информираа од министерството, на членовите им било посочено дека одлуките и дискусиите треба да ги водат врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство
Следна Статија Пи Диди сака да се открие идентитетот на лицата кои го тужат за сексуална злоупотреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА: Судска мерка блокира 1,5 милиони евра по спор за деловен простор

Судски спор меѓу компаниите „АР Груп“ и „МКМ Експрес“ предизвика сериозни обвинувања за начинот на постапување во Основниот граѓански суд…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе се сретне со државниот врв

Денеска во официјална посета на Скопје ќе пристигне Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес, во…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија, сметаат граѓаните, покажува најновата анкета на ИПИС. На прашањето:…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?