Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?
ЗДРАВЈЕ

Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?

Објавено October 23, 2024 22:51
Сподели
Сподели

Кого да слушаат жителите на Струмица дали да ја пијат водата? Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат не. Од друга страна градоначалникот Костадин Костадинов одговорно тврди дека водата е безбедна и може да се пие.

Попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со соопштение дека останува на сила забраната за пиење водата од струмичкиот водовод.

Во анализата, утврдено е дека нивото на манган е во рамките на дозволените вредности, но четири од земените мостри покажуваат зголемено присуство на колиформни бактерии, што не ги исполнува безбедносните стандарди. Контролата имала за цел да ги процени досегашните активности на ЈКП „Комуналец“ во однос на производствената и хигиенската пракса во системот за водоснабдување.

По ова соопштение Костадинов реагираше на социјалните мрежи со тврдење дека водата може да се пие.

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов

Кој е во право во оваа рашомонијата меѓу инститиците? Наместо да се заложат и проблемот да го решат што поскоро за граѓаните да добијат исправна вода за пиење, тие се препираат меѓу себе на грбот на граѓаните.

Фунционерите без разлика дали се од локалната или централна власт, треба да сфатат дека се избрани од народот и треба да работат во служба на народот. Во спротивно граѓаните своето незадоволство ќе го испорачаат на следните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара
Следна Статија Стружанецот по кој се трагаше два дена е пронајден мртов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во “Добриот доктор” на Сител говореше за историјатот на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи…

January 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на…

July 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ ИМА ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА БАКАР И ЦИНК Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека нема други отстапувања по пожарот во Трубарево

По анализата на резултатите од сите земени примероци по пожарот во Трубарево, може да се заклучи дека нема отстапување од…

September 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?