Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение
ПОЛИТИКА

Навреди кон новинарот Геровски, упати СДСМ во денешното соопштение

Објавено December 25, 2025 11:54
Сподели
Сподели

СДСМ утрово испрати две соопштенија до медиумите во кои користи најдолни навреди кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски.

Во продолжение соопштението во целост

Кога ботовите ќе „зарибаат“, затоа што се програмирани само за една функција, тогаш во помош стапува најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната „панцир“ единица – Фрљо.

Во македонската јавност познат како џубокс-новинар. Уште одамна овој прочуен ПР-експерт си даде препознатлив слоган: „Кој ќе плати – тој ќе клати“.

Фрљо, како и секогаш, темелно пристапува кон анализата на секое соопштение на СДСМ, па дури користи и вештачка интелигенција. Па како да не, кога лично го вметна инвестирањето во вештачката интелигенција како еден од најважните столбови на новата програма на ВМРО?!

Фрљо знае дека времето малку го прегазило и затоа му е потребна помош од технологијата.

Единствено што нè загрижува е неговата, очигледно застарена, меморија. Нè чуди што Фрљо се расфрла со податоци за „српскиот свет“, а не се сеќава на сопствениот удел во него.

На пример, Фрљо не се сеќава на периодот кога работеше во еден реномиран дневен весник, а неговиот газда беше од Србија. Меморијата му „зарибала“ и кога станува збор за избришаните податоци од времето кога работеше за белградскиот „Курир“ (денес веќе јавно познато во сопственост на истиот тој Вучиќ, на кого, изгледа, единствено се сеќава). Очигледно, меморијата целосно откажала.

Иако Фрљо не е обичен бот, тој сепак е една напредна (да не кажеме – српска напредна) машина на која очигледно ѝ недостига замена на работната меморија. Можеби во тоа може да му помогне неговиот стар воен другар, ветеран Латас.

Очигледно е дека треба малку да се направи дефрагментација на старите податоци. Се насобрала прашина.

До тогаш, додека не ја замени меморијата, да го потсетиме дека некогаш одамна напиша книга со наслов „Биди новинар“. Му предлагаме да ја прочита и можеби да се потсети на некои основи на слободното новинарство. А докторите велат дека кога ќе се појави амнезија, дури и ситници од младоста можат да бидат тригер за меморијата целосно да се врати.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кардинал Пицабала: Ќе направиме сè можно за Газа
Следна Статија Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции

„Ние со нетрпение очекуваме да дојде таа резолуција за да дадеме ние наш инпут. Нели самата опозиција ни велеше дека…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денеска претстави нова изборна програма со визија за модерен, дигитален, економски…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најави поликлиника во Општина Кисела Вода

Денес сме тука да најавиме проект кој долго време беше еден од најголемите приоритети и најголемите барања на жителите на…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?