Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет – нула толеранција за загадувачите!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет – нула толеранција за загадувачите!
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет – нула толеранција за загадувачите!

Објавено December 26, 2025 14:50
Сподели
Сподели

Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството.

Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.

Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозволи.

Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација.

Министерот Хоџа на средбата нагласи дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање ја повика соработката и партнерството од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи
Следна Статија Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

29 интернет портали досега се регистрирале во АВМУ, а лани 249 се пријавија за да добијат пари за изборни реклами

Вкупно 29 интернет портали досега се пријавиле во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали при Агенцијата за…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

И покрај раните утрински часови, мерните податоци укажуваат дека квалитетот на воздухот во Скопје повторно е сериозно нарушен. Според апликациите…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?