Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата

Објавено December 27, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки кај најмладите. Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата.

Facebook/Vlado Misajlovski

За настанот информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека детската возбуда и искрените насмевки ја исполниле празничната атмосфера и го создале вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени.

Facebook/Vlado Misajlovski

Во пресрет на Новата година, традиционално, министерот Мисајловски, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, оствариле видеоконференциска врска со македонските мировници кои во моментов извршуваат задачи во меѓународни мисии и операции во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија.

Facebook/Vlado Misajlovski

На видеоконференцијата, на која присуствувале и членови на семејствата на мировниците, биле упатени пораки на поддршка, благодарност и признание, со јасна определба дека државата и понатаму ќе се грижи за нив и за нивните најблиски.

Facebook/Vlado Misajlovski

-Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Нивната возбуда и насмевки ја исполнија празничната атмосфера и го создадоа вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени, објави на својата Фејсбук страница минис.

Facebook/Vlado Misajlovski

Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија.

Facebook/Vlado Misajlovski

На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, упативме пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижиме за нив и за нивните семејства. Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење, пишува Мисајловски во својата објава.

Facebook/Vlado Misajlovski
Facebook/Vlado Misajlovski
Facebook/Vlado Misajlovski
Facebook/Vlado Misajlovski
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Деспотовски дo Филипче: Со една одлука не можеш да ми ја избришеш работата од 30 години
Следна Статија ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Борбата беше жестока“: Мицкоски за случувањата околу извештајот за Македонија на Вајц

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?