Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Објавено January 2, 2026 14:36
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за време на новогодишната ноќ во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран -Монтана остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер

Во разговорот со него, Муцунски изрази сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, а на повредените им посака брзо и успешно закрепнување.

На амбасадорот му порача и дека државата ѝ стои на располагање на Швајцарија во справувањето со оваа трагедија.

„Изразив подготвеност нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи. Дополнително, доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување“,напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.

Од Министерството за здравство соопштија дека се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за да ѝ се обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија, во делот на медицинското згрижување на повредените од пожарот во Кран-Монтана.

Оттаму соопштија и дека веќе е воспоставен канал за комуникација со здравствените власти во Швајцарија.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица, а 115 сее повредени. Медиумите, пак, објавија дека повеќето од гостите во барот биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија
Следна Статија Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци

Мнозинството граѓаните сметаат дека некој друг е одговорен за војната во Украина повеќе отколку самите Русија и Украина, покажува последното…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА: Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“

Во сабота Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар. Во сабота, на 5…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица.…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?