Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси

Објавено January 3, 2026 18:24
Сподели
Сподели

По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања на поделба на народот, нарекувајќи ги сите неистомисленици „медиокритети“, коментираат од опозициската СДСМ.

Од оваа партија сметаат дека, овој начин на обраќање кон граѓаните е преземен од моделот на Вучиќ и СНС во Србија кој доведе до целосна поделба и омраза во општеството. Целта беше предизвикување конфликти заради зачувување на власта. „Подели па владеј“!

– Како што најавува Мицкоски во своето обраќање, кампањата за „мигранти“ не започнала од СДСМ, туку, наводно, била вклучена некаква странска сила. Деталите не ги сподели со јавноста (вели дека ги чува за подоцна, веројатно за почетокот на кампањата), но затоа ги споделил со својот близок, како што вели, загрижен пријател Орбан. Можеби и имаат причини за загриженост, особено Мицкоски, по изгласаниот и потпишан од претседателот на САД, Доналд Трамп – Закон за Западен Балкан, закон усвоен со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот. Кога веќе зборуваме за тие „блиски“ пријатели, да не речеме деловни партнери, денес имавме можност да видиме како поминуваат тие таканаречени пријателства, како оние со блиските пријатели на Вучиќ – велат од СДСМ.

Блискоста на овие политичари ја поврзуваат и со денешната агресија на САД врз Мадуро, па велат „еден од тие блиски пријатели, претседателот на Венецуела, утринава беше цел на дејствија од страна на САД поради криминални активности поврзани со дрога. А Вучиќ само пред четири месеци најави блиска соработка со Мадуро“.

Мицкоски, пак, најавува соработка со, како што вели, блискиот пријател Виктор Орбан, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко. Според сите анкети во Унгарија, Орбан се очекува да ги загуби изборите во април од опозицијата, потенцираат од СДСМ.

Во ваквиот пристап, обвинувања за вмешаност на други држави, заедно со усвојувањето Закони за обвинителството и судството кои токму сега се спроведуваат, СДСМ смета дека се со цел целосна контрола да ја оддалечат Македонија од европскиот пат.

Поставувањето услови кон Европската унија, заострувањето на односите со Бугарија и заробувањето на правната држава се само почеток на изолацијата на Македонија. Целта е по секоја цена да се остане власт по планираните предвремени избори и продолжување со криминалот и корупцијата, финансирани преку проектот „мигранти за пари“! – им се дополнителни аргументи.

СДСМ, во денешното соопштение согледува уште неколку паралели меѓу политиките на Вучиќ и Мицкоски, иако се работи за „меки“ политики.

– Со оглед на тоа што Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, за да ни ја покаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, предлагаме прво да се уапси себеси!, за што велат докази има колку што сака.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика
Следна Статија Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до Османи: Човекот којшто преговараше и ги распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува

„Човекот којшто преговараше и ги распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува. Оти, ако…

March 5, 2025
ПОЛИТИКА

Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ

Откако денеска СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на настан наводно се појавила…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на почетокот на следната година да се придвижат работите во делот на гаранциите дека уставните измени…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Османи ниту потврдува ниту демантира дека се сретнал со Груевски во Унгарија

Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат. Ова денеска го…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?