Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада
БАЛКАН

Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада

Објавено January 4, 2026 18:55
Сподели
Сподели

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на 62 блока од целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

На масовниот состанок одржан во Малгара во близина на Солун, претставниците на земјоделците одлучија дополнително интензивирање на протестите, веднаш по Водици што во Грција е на 6 јануари, а целта е земјата да се подели на два дела и да се запрат секакви активности на главните грчки автопатишта.

Во однос на граничните премини, најавите се дека во овие 48-часа ќе постои целосна блокада за камионите, додека пак автобусите и автомобилите ќе се сообраќаат непречено.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
Следна Статија Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија…

October 4, 2024
БАЛКАН

Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело

Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија. Се…

September 11, 2025
БАЛКАН

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Хрватска до крајот на годинава ќе ја постави правната рамка за темелно воено оспособување. Воениот рок ќе трае два месеци.…

April 18, 2025
БАЛКАН

Словенците забранија слетување на израелски авион

Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да…

June 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?