Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
ЕКОНОМИЈА

Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Објавено January 6, 2026 14:59
Сподели
Сподели

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.

Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.

Народната банка го објавува индексот на цени на недвижности врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на теритријата на Скопје.

Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија за МИА изјави дека во 2025 година се стабилизираа цените на градежните материјали годинава и оти годинава очекува стабилизација на продажните цени на становите.

– Очекуваме поголема понуда и се надеваме дека 2026 година ќе биде година која ќе биде запаметена како година во која понудата ќе се израмни со побарувачката. Нашите очекувања се дека ќе се гради не помалку од 2025 година во регионите во кои имаше голема трансакциска активност во годината која измина, тука пред се би ги издвоил полошкиот, пелагонискиот но и скопскиот регион, рече Серафимовски.

Последните податоци од Државниот завод за статистика објавени за октомври лани, покажуваат дека од 446 одобренија за градење, 289 (64,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е предвидена изградба на 1 177 станови.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ контра Трамп: Не го признава легитимитетот на Родригез
Следна Статија Пијан маж и се заканувал на мајка си во демиркаписко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците

Се продолжува со исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава е преку 30 проценти, а…

March 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција

Меѓународната рејтинг агенција Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција, предупредувајќи дека политичката нестабилност го стеснува просторот за маневрирање за…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?