Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“
МАКЕДОНИЈА

Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“

Објавено January 8, 2026 12:38
Сподели
Сподели

Во своја објава на социјалните мрежи, отец Бобан Митевски се осврнува на јавните реакции и толкувања поврзани со Бадник и Божиќ, нагласувајќи дека Бадник не е поголем празник од Божиќ, туку навечерие и предворје на најголемиот христијански празник – Рождеството Христово.

Тој посочува дека Бадник, всушност, и не е празник сам по себе, туку вовед во празникот кој во христијанската традиција се смета за „митрополија на сите празници“. Според него, ваквото појаснување претставува мал, но значаен чекор напред во правилното разбирање на празничната суштина.

Отец Митевски изразува надеж дека следниот позитивен исчекор би бил критичко и одговорно преиспитување на појавите како масовните коледарски огнови, кои, како што наведува, често се претставуваат како „традиција на народот“, иако не соодветствуваат на духот на христијанското бдение и молитва. Тој предупредува дека ваквите практики, исполнети со кич и несоодветна симболика, не придонесуваат за духовност, туку водат кон паганизација и изопачување на празничната порака.

Според него, суштината на Бадниковите поворки е сосема поинаква. Тие, вели, имаат за цел да внесат култура, цивилизираност, префинетост, убавина и хармонија, и претставуваат плод на побожноста, а не површен „увоз“ или копирање. Отец Митевски нагласува дека овие поворки се длабоко вкоренети во локалната традиција, што го потврдуваат и етнографијата и етнологијата, но и во поширокото заедничко христијанско наследство.

Тој предупредува дека релативизирањето и „преосмислувањето“ на ваквите практики може да доведе и до погрешно толкување на самите богослужбени чинови и нивните материјални аспекти, што би било сериозен чекор наназад.

Во продолжение, отец Митевски потсетува и на свое минатогодишно поучение, во кое укажува дека светото и светињата не смеат да се користат за популизам, суета или стратешки цели. Според него, божиќните поворки не произлегуваат директно од богослужбениот редослед, но претставуваат продолжение на постара христијанска традиција, преку која симболично се објавува раѓањето на Богомладенецот – со песни, ѕвезди, пештери, икони и украсни елементи што постојат со векови во православната практика.

Тој потенцира дека денешните поворки не се суштински различни од оние во минатото и дека употребата на иконографски форми, вклучително и контурни икони, е одамна присутна во православието. Како симболична слика, децата со ѕвезда ја претставуваат радосната вест и ангелската благовест од Божиќната ноќ.

„Крупната слика“, како што наведува отец Митевски, е дека илјадници деца преку овие поворки се воспитуваат во верата, се социјализираат, учат, пеат, создаваат заедништво и радост, и на крај повторно се враќаат во храмот. Според него, обидите ваквите настани да се прикажат како проблематични се резултат на некомпетентност и лажно толкување на каноните и традицијата.

Во тој контекст, тој ги цитира зборовите на свети Николај Жички, како поука против самопрогласената „експертиза“ во верските прашања:
„Лесно е да научиш необразован човек, лесно е да научиш животно, но тешко е да го научиш тој што неук сака да биде учител на други“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крвав Божиќ во Белград: Внук ги застрела бабата и дедото за пари, па се обиде да се самоубие
Следна Статија Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈСП утре останува без гас: Можни се откажувања на линии поради прекин на испораката

Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испораката на природен гас до…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, доби прашање дали е познат предлогот за нов министер за здраvство.…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Снег во Струга

Студениот бран што денеска ја зафати Македонија со снег го покри брегот на Охридското Езеро. Попладнево интензивни снежни врнежи имаше…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?