Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари
ХРОНИКА

За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари

Објавено January 8, 2026 15:04
Сподели
Сподели

Лице кое лажно се претставило како лекар измамило 77-годишна жителка на Штип за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР Штип.

Како што е пријавено, на 7 јануари 2026 година околу 16:30 часот, жената пријавила дека претходно во текот на денот добила телефонски повик од непознато лице кое ѝ се претставило како лекар. Лицето ја информирало дека нејзината сестра се наоѓа во болница поради скршеница на ногата и дека е неопходна итна операција со вградување метални шипки.

Според пријавата, измамникот побарал пари за наводната интервенција, по што жената, во неколку наврати, ги однела договорените средства на посочено место, предавајќи вкупно 700.000 денари.

Подоцна, во нејзиниот дом дошла нејзината внука, по што заедно стапиле во контакт со сестрата и тогаш било утврдено дека таа воопшто не била хоспитализирана, при што оштетената сфатила дека била жртва на измама.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје
Следна Статија „Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајка кај Катланово

Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес. Според информациите на ТВ 21,…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на…

May 1, 2026
ХРОНИКА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопјанец од Драчево, 28-годишен, е во притвор затоа што со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка. Видеото на социјалните мрежи…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Се трага по Симона Стојкова, доколку ја видите – веднаш пријавете!

Македонија трага по девојка по име Симона Стојкова. Се работи за 35-годишна жена со кафеава коса и кафеави очи. Висока…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?