„Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси. Иако, СДС и Филипче, од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика.
Затоа што тема на лидерската средба, на која Филипче одбива да биде дел, ќе се разговара за реформските закони кои се дел од реформската агенда за ЕУ која има за цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата.
Венко Филипче покажа дека се добро во и за државата му смета. Му сметаат реформите во правосудството, во безбедноста, слободата на изразување како и напредокот на државата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ… Отаму велат дека на Македонија не ѝ треба ваква опозиција, која е против се само за да биде против. Време е Филипче да се надмине себеси, затоа што државата има потреба одговорни и сериозни политичари.“ – се вели во соопштенито на партијата.