Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор
ХРОНИКА

Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Објавено January 16, 2026 12:14
Сподели
Сподели

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор, информираат од Царинската управа.

Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик. По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена
Следна Статија Не знам како уште е жив, Трамп јаде многу лоша храна, вели американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која…

January 31, 2025
ХРОНИКА

МВР предупредува: Лажни мејлови од познати компании ве мамат да дадете лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Приведен хирург од Битола за земање поткуп за 150 евра

Во вторникот, во 17 часот, во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?