Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи ќе се кандидира за Републички јавен обвинител: ЈО е паднато на колена

Објавено January 16, 2026 12:27
Сподели
Сподели

Имаше случаи кога се бараше мерка притвор од политички причини. Самиот Бубевски ми има кажано дека ова е политика, дека овој предмет мора да успее заради политиката. Јавното обвинителство не е алатка на политиката. Јавното обвинителство не е гранапче или не е огранок на некоја политичка партија. И за жал, тој истиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, кој е шеф на Основното јавно обвинителство-Скопје, на кого на 20-ти јануари ќе му истече мандатот, претендира за уште еден мандат, вели во интервјуто со Љупчо Цветановски на ТВ АЛФА, бившиот шеф на вишото јавно обвинителство во Скопје, Мустафа Хајрулахи.

Откако беше суспендиран и со сопствена оставка го напушти Јавното обвинителство, адвокатот и поранешен виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи најави дека ќе се кандидира за републички јавен обвинител, нагласувајќи дека обвинителството мора да се прочисти за да се врати неговиот углед и функционалност.

Во гостување на „За или против“ на Алфа телевизија, Хајрулахи рече дека Јавното обвинителство се наоѓа во длабока институционална криза и дека функционира без јасна хиерархија и одговорност. –  Ќе конкурирам за републички обвинител, ги исполнувам условите, па ќе видиме. Зошто да не. Се надевам дека ако евентуално дојде до мој избор за републички јавен обвинител веќе нема да разговараме за овие прашања, рече Хајрулахи.

Тој оцени дека Јавното обвинителство функционира „по принцип на брауново движење“ и предупреди дека можен е реизбор на дел од постојните раководители во системот, што, според него, би значело продолжување на „старите практики и политички влијанија“.

Според Хајрулахи, институцијата мора да се прочисти од „десетина луѓе“ кои го рушат угледот на сметка на „огромното мнозинство вредни и чесни обвинители“.

– Десет обвинители ако се тргнат од тоа обвинителство и тек-тук некои инсталати нивни, за шест месеци до една година Јавното обвинителство ќе се крене на нозе … ЈО е паднато на колена. Таму моментално функционира принципот на брауново движење, обезглавено е … Ги интересира рекетот, ги интересираат притворите да стават некого во притвор, да го држат месец-два, па после да го пуштат, за добар договор, рече Хајрулахи.

Осврнувајќи се кон работата на двајцата поранешни републички јавни обвинители, Љупчо Коцевски и неговиот претходник Љубомир Јовески, Хајрулахи упати остри критики нагласувајќи дека обвинителството под раководство на Коцевски било сериозно девалвирано, додека, пак, за неговиот претходник, рече дека немал капацитет да ја води институцијата.

– Со Коцевски институцијата беше претворена во приватна испостава. Дел од дисциплинските комисии работеа под директни притисоци. Имаше зависни, уценети и под влијание обвинители. Во такви услови не може да има законитост. Не знаеше што му се случува во институцијата и дејствуваше по нарачка. Оставката беше поднесена во последен момент, за да не се соочи со јавно разобличување за целиот мандат, за нестручноста и злоупотребите. Јовевски барем беше писмен, но немаше став. Со Коцевски беше уште полошо, рече Хајрулахи.

Во интервјуто, поранешниот виш јавен обвинител Хајрулахи, исто така, предупреди дека евентуален нов мандат за Гаврил Бубевски на чело на Основното јавно обвинителство – Скопје би значело, како што рече, дополнително продлабочување на хаосот.

– Нив не им одговарав јас како виш јавен обвинител, да имам пристап и податок во дневна база по однос на мерката притвор и причините зошто мерката се бара од страна на јавниот обвинител, конкретно од страна на основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски … Имаше случаи кога се бараше мерка притвор од политички причини. Самиот ми има кажано дека „овој предмет мора да успее ради политиката“. За жал, истиот тој јавен обвинител, Гаврил Бубевски, што е шеф на Основното јавно обвинителство – Скопје, на кого на 20 јануари ќе му истече мандатот, претендира за уште еден мандат, рече Хајрулахи.

Според него, токму тоа што не можеле преку него како шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје да ги реализираат политичките предмети, е и една од причините за неговата суспензија.

– Специјалното јавно обвинителство е врвот, инаку тоа е само една од причините. Има и многу други причини. Тоа е само една од причините. Причина беше токму тоа, зошто преку мене не можеа да ги реализираат политичките предмети за нанесување невидена штета на една политичка партија којашто сега е на власт. Тоа е причината. Ништо друго. Ништо друго. СЈО беше само колку да се најде добра причина за да можат да го направат ова што го направија. Коцевски појма немаше што се случува. Коцевски и ден денеска да го прашате, тој не знае да одговори, и не знае, не знае што му се случуваше во ЈО, подвлече Хајрулахи.

Според него, обвинителите од Специјалното јавно обвинителство се само неколкумина кои што се гледаат, но, како што вели, корењата им се многу длабоки и затоа, смета, дека законски треба да се расчисти со нивната работа.

– Немаа докази. Па и тие предмети што идеа по жалба кај нас паѓаа поради тоа што беа штури предмети без никаков доказ. На сила ги издејствуваа сите пресуди, има луѓе што издржаа казна затвор по не знам колку години без ќор доказ. Притвор врз притвор имаше. Значи најбрутално газење врз човековото достоинство, вели Хајрулахи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Ана Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата
Следна Статија Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за транспорт: Целосно исчистена автоделницата Гостивар-Скопје

Од Министерството за транспорт информираат дека целосно е исчистена делницата Гостивар-Скопје. Делницата е целосно исчистена од снег и сообраќајот се…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Небезбеден патот од Пантелејмон до средно Водно

Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?