Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР предупредува: Лажни пораки за пратки стигаат на телефон – не ажурирајте податоци!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР предупредува: Лажни пораки за пратки стигаат на телефон – не ажурирајте податоци!
ХРОНИКА

МВР предупредува: Лажни пораки за пратки стигаат на телефон – не ажурирајте податоци!

Објавено January 16, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

-Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите. За ваков вид на измами изминатава година до Секторот за компјутерски криминал има пристигнато над 50 пријави, информира МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Порасна водостојот на Преспанското Езеро, Охридското и Дојранското во мирување
Следна Статија Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Бајач од Трубарево извлекол 400 000 евра од брачен пар, за да ја симне магијата од нивниот син

Бајач од Трубарево успеал да извлече 400.000 евра од брачен пар од Берово за да го лекува нивниот син од…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР воведе строг дрес-код за вработени и граѓани: Без шорцеви, влечки и тренерки во Одделот за граѓански работи

Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој ќе важи и за вработените и за граѓаните што ги…

May 27, 2026
ХРОНИКА

Андреј од ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот кај Церово, активни четири

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?