Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?
ПОЛИТИКА

Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?

Објавено October 25, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен покажа дека Брисел го цени она што досега го направи владата на полето на евроинтеграциите. Доказ за тоа се парите што ќе ги добие Македонија oд планот на ЕУ за раст за Западаниот Балкан.

Сепак во однос на главната пречка за почнување на преговорите а тоа се уставните измени, Скопје и Брисел имаат различни гледишта.

Премиерот Мицкоски е согласен дека можеме веднаш да ја направиме промената на Уставот и да ги вметнеме Бугарите но примената да има одложено дејство, односно откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство во ЕУ.

Според Мицкоски, Македонија не смее да си дозволи повторно да биде понижена и дека ЕУ мора да гарантира дека по отворањето на преговорите да биде блокирана повторно со услов кој не е поврзан со поглавјата туку со прашања од историјата и минатото.

На вчерашната средба Фон дер Лајен не го коментираше предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство туку само ги употреби познатите фрази дека „ќе бидат со нас и оти ја имаме нивната поддршка“.

Новинарот Христо Ивановски во својата колумна за „Нова Македонија“ ја коментира посетата на високата претставничка на ЕУ дека таа донесе со себе „отровен чешел или отровно јаболко“.

Според Урсула, нејзината посета на Балканот значи дека нејзината ЕК му дава големо внимание на процесот на проширување, вратите остануваат отворени, а можно е некој да влезе во елитниот клуб во 2030 година.Таа покажува внимание за Балканот, европската црна дупка без која Европа не би била цела (така викаат од Брисел), ама никако да ја пополни таа дупка. Таман ќе дојде време, а дупката се проширила, сега отишла кон Молдавија, Грузија, Украина-коментира Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност
Следна Статија Илон Маск само во октомври дал 44 милиони долари за кампањата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони…

December 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?

Пресметка меѓу две групи избила вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?