Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
ХРОНИКА

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец

Објавено January 17, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители му помогнале на 18-годишникот, кој на 9 јануари годинава со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, да ја напушти државата.

Обвинетите, кои се товарат за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на Саитов Саит (18), лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

-Со автомобил „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин „Табановце“ ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ, се вели во соопштението од Обвинителство.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднел и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот Саитов Саит (18) за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје. Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Леон Кенеди конечно може да користи моторна пила во Resident Evil Requiem
Следна Статија Ретки земни магнети: Колку реални се амбициите на Индија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Коцевски: Приведени се десетина вработени во УЈП, за случајот „Пулс“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се приведени десетина вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) и дека во…

November 20, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Во три случаи запленети се еден…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Македонски државјанин сакал да се бори за Русија во Украина за плата од 3000 евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка…

November 30, 2024
ХРОНИКА

71-годишен гостиварец почина возејќи велосипед, го удрил возач со комбе

Во полициската станица Гостивар вчера во 16:55 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?