Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет
ЗДРАВЈЕ

Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет

Објавено January 19, 2026 18:01
Сподели
Сподели

Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје, особено здравјето на младите и непушачите, е приоритет, во изјава за МИА потенцираше пулмо-алергологот, примариус доктор специјалист Оливер Зафировски, директор на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

Со доктор Зафировски разговаравме околу новиот закон против пушење.

– Според спроведените анализи и релевантни податоци за состојбата со употребата на тутунски производи во земјава, се проценува дека околу половина од популацијата во Северна Македонија е зависна од цигари, со просечна дневна консумација од 18 до 22 цигари по лице, истакна докторот.

Тој сподели дека особено загрижувачки се податоците кај младата популација.

– Анализите укажуваат дека околу 7,7 отсто од децата на возраст од 13 до 14 години се активни пушачи, додека кај младите од 15 до 16 години, тој процент достигнува приближно 37 проценти. Дополнително, употребата на електронски цигари се идентификува како масовна и сè пораспространета појава меѓу младите, што претставува сериозен ризик за јавното здравје и дополнителен предизвик за превентивните политики, предупреди Зафировски.

Доктор Зафировски додаде дека кај лицата со ХОББ, астма и други хронични болести, никотинот и тутунот директно ја влошуваат здравствената состојба.

– Тие го зголемуваат ризикот од тешки компликации и се силно поврзани со развој на малигни заболувања, нагласи Зафировски.

Притоа, појасни дека електронските цигари често се перципираат како побезбедна алтернатива на класичните цигари.

– Но, научните докази покажуваат дека тие не се безопасни. Иако не создаваат чад како тутунот, тие создаваат аеросол што содржи никотин, тешки метали и други хемиски супстанци што имаат негативно влијание врз здравјето, алармираше директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Регулацијата не е казна, туку превенција. Нашата цел е информирано општество, поздрави млади генерации и намалување на зависностите што имаат долгорочни последици по здравјето, дециден беше З

Осврнувајќи се на влијанието врз здравјето, тој нагласи дека никотинот е високо зависна супстанца.

– Кај младите луѓе, неговата употреба може да влијае врз развојот на мозокот, концентрацијата и менталното здравје. Дополнително, постојат докази за зголемен ризик од респираторни и кардиоваскуларни проблеми кај корисниците на електронски цигари, сподели докторот.

Посебен ризик за младите, како што рече докторот, се електронските цигари.

– Електронските цигари со вкусови се особено привлечни за децата и адолесцентите. Тие создаваат лажна слика дека станува збор за безопасен производ, а всушност често претставуваат прв чекор кон никотинска зависност и подоцнежно користење класични цигари, подвлече Зафировски.

Говорејќи околу тоа зошто е важен новиот закон, пулмо-алергологот истакна дека вклучувањето на електронските цигари во регулативата е чекор усогласен со европските препораки и со современите научни сознанија.

Како стручно лице, тој потсети колку е голема важноста на заштитата на јавното здравје.

– Забраната за употреба на електронски цигари во затворени јавни простории не е насочена против поединците, туку е мерка за заштита на сите граѓани од пасивна изложеност и нормализација на пушењето, заклучи докторот.

Зафировски потсети дека во рамките на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје функционира организиран пристап за одвикнување од пушење.

– Имаме стручен психолог кој активно работи со пациенти преку индивидуални советувања и психолошка поддршка за надминување на никотинската зависност. Покрај тоа, развиен е и посебен проект и структурирана програма за одвикнување од пушење, што вклучува психолошка поддршка, едукација и континуирано следење на пациентите, додаде директорот на Клиниката.

Во изјавата за МИА, тој со порака до населението.

– Важно е да разбереме дека електронските цигари не се безбеден производ. Регулацијата не е казна, туку превенција. Нашата цел е информирано општество, поздрави млади генерации и намалување на зависностите што имаат долгорочни последици по здравјето, дециден беше пулмо-алергологот Зафировски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо, осветени водите на езерото
Следна Статија Ѓоковиќ: Испишувањето историја за мене е голем мотив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија…

August 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формула за доенчиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за…

February 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави загрижувачки извештај кој директно посочува дека програмите за рана детекција на малигни заболувања во…

April 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија

Министерството за здравство попладнево информираше дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?