Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Објавено January 20, 2026 16:31
Сподели
Сподели

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за куќен притвор за апелациониот судија Ѓоко Ристов.

Судскиот совет на Република Македонија ќе ја одржи 535-та ИТНА седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор, стои во соопштението од Советот.

Претходно денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Осомничениот апелационен судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст.3 во врска со ст.1), и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст.1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино, полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
Следна Статија Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот,…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија го слави 1 Мај – Ден на трудот

Денес, на 1 Мај, се одбележува Меѓународниот ден на трудот – симбол на работничката борба за достоинствени услови, фер плата…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Извлечени неколку лица кои беа заглавени во Лазарополе

Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?