Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан

Објавено January 20, 2026 15:21
Сподели
Сподели

По два дена шпекулации каде е апелациониот судија Ѓоко Ристов се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од ОЈО ГОКК претходно информираа дека во домот на родителите на Ристов во Неготино, пронајдени биле 350.000 евра соѕидани во ѕид.

Од ОЈО ГОКК денеска соопштија дека Ристов бил сослушан и ќе биде побарано судот да му одреди куќен притвор и да му биде земен пасошот.

Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор, елат од ОЈО ГОКК.

Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Судијата е осомничен за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Треба да се воведе поголем ред во образованието
Следна Статија Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на 12. регионален координативен состанок за имплементација на патоказот за контрола…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестициите во образованието меѓу приоритетите на Владата- се градат 7 училишта, се реконструираат образовни установи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека инвестициите во образованието се меѓу главните приоритети на Владата. Во моментов, како што кажа,…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Рози Мицкоска во посета на првороденчињата во Скопје

Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Рози Мицкоска, денеска ги посети мајките родилки во ГАК и Гинекологија Чаир. Таа ги даруваше…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за добиената арбитража за „Казандол“: Нема да има отворање на рудникот, прашање е како порано се губеле арбитражите!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани одговараше на новинарски прашања.…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?