Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експретседателот на скопскиот Основен суд, Владимир Панчевски, се пријавил на огласот за државен јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експретседателот на скопскиот Основен суд, Владимир Панчевски, се пријавил на огласот за државен јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Експретседателот на скопскиот Основен суд, Владимир Панчевски, се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

Објавено January 21, 2026 18:13
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, што го распиша Собранието.

Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка на функцијата државен јавен обвинител. До изборот на нов за вршител на должноста е избрана Анита Тополова-Исајловска, досегашен заменик-републички јавен обвинител.

Досега најава за пријавување за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени
Следна Статија Филипче: Нема да ги поддржиме законските измени за „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Домот „11 Октомври“ во Ченто по скоро 40 години повторно ќе стане центар на културата

Во рамки на теренските посети на општините насловени „Каде што срцето е дома“, премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)

Бели комбиња во раните утрински часови пуштаат цели глутници на кучиња во урбаните средини. Од Здружението за заштита на животните…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?