Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири години затвор за Арифи и една година и десет месеци за Амити во случајот „Геријатрија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четири години затвор за Арифи и една година и десет месеци за Амити во случајот „Геријатрија“
ХРОНИКА

Четири години затвор за Арифи и една година и десет месеци за Амити во случајот „Геријатрија“

Објавено January 21, 2026 18:48
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се докажани наводите од обвинителниот акт.

– При определувањето на видот и висината на кривичната санкција, Судот ги имаше предвид сите околности предвидени во член 39 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на индивидуализацијата на казната. Како отежителни околности, судот ги ценеше видот, карактерот и тежината на кривичните дела, начинот на нивното извршување, условите под кои се сторени, како и фактот дека делата се сторени со цел стекнување материјална корист, изјави судијката Ленка Давиткова при образложувањето на пресудата.

Таа додаде дека Судот ја ценел и опасноста од повторување на кривични дела, степенот на кривичната одговорност на обвинетите, организираноста и упорноста при извршувањето, како и искористувањето на тешката здравствена и социјална состојба на сведокот во конкретниот случај.

– Судот особено го ценеше фактот дека со извршувањето на вакви кривични дела се нарушува довербата на граѓаните во институциите на системот, имајќи предвид дека обвинетиот Мухсин Арифи делото го сторил како службено лице во јавна здравствена установа. Од друга страна, Судот го имаше предвид и фактот дека обвинетиот има високо образование, што укажува на поголем степен на свесност и можност за воздржување од сторување вакви кривични дела, особено кога станува збор за дела сторени од страна на службени лица, рече Давиткова.

Како олеснителни околности, посочи, Судот ги ценел личните, семејните и материјалните прилики на обвинетите. Причините за донесувањето на ваквата одлука, судијката појасни дека ќе бидат детално образложени во писмено изготвената пресуда, против која странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба во установата со која раководел. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен на самото место од полицијата.

Обвинетите во текот на судскиот процес изјавија дека не се чувствуваат виновни и ги негираа наводите од обвинението.

Судот при одлучувањето ги ценеше изведените материјални докази, исказите на сведоците и завршните зборови на странките, при што оцени дека се докажани сите елементи на кривичните дела.

Судскиот процес го водеше судијката Ленка Давиткова, а обвинението го застапуваше обвинителката Искра Хаџи Василева. Против пресудата странките имаат право на жалба во законски предвидениот рок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен
Следна Статија Шилегов со барање до Филипче: Време е за лично заминување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Градежен работник пронашол човечки коски во скопска Автокоманда!?

Градежен работник вчера пријавил дека при ископ во скопска Автокоманда, во општина Гази Баба, пронашол коски налик на човечки, информираше…

October 25, 2025
ХРОНИКА

МОНСТРУМ: Полово ја вознемирувал и допирал малолетната ќерка на својата вонбрачна сопруга

На 07.03.2025 година во 23:20 часот во ОВР Гостивар, 38-годишна жителка од Гостивар, пријавила дека во период од 03.03 до…

March 8, 2025
ХРОНИКА

Едномесечно бебе донесено починато на Детска клиника

На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?