Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и дека недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител.
Претходно таа побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски поради навреди и дисквалификации.
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата. Од Владата, пак, порачаа дека премиерот не ја споменал обвинителката…