Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март
ЗДРАВЈЕ

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

Објавено January 22, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

– Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, лекарите беа помалку бидејќи беа линеарни зголемувањата. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите за докторите и за медицинските сестри вработени таму, бидејќи ние цврсто веруваме дека треба работата соодветно да биде вреднувана – рече директорот на ФЗО на прес – конференцијата во Владата на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека според договорот со синдикатите, во март, годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство.

– Така што, мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите. Така да, барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на плати во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално, бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите – појасни Клековски.

Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори коишто незаконски земале повеќе пари од тоа што треба за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери кои незаконски си ги зголемиле платите, кажа дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати.

– Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниту една јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат – одговори Клековски.

На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни.

– Ние работиме и на дигитализација – тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму, сакаме да воспоставиме и критериуми каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент, казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно – условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме – тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем каде тие што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања – додаде директорот на ФЗО Сашко Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција
Следна Статија Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР…

March 31, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница, констатирале ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари…

February 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Започнат е процес на преоценување на критериумите за здравствено осигурување, на иницијатива на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а…

October 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца,…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?