Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави

Објавено January 22, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.

На прес-конференција Филипче нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат од, како што рече, „поединци, кои се уценети или купени“ додавајќи дека вистинските членови на СДСМ и поддржувачите ги препознаваат тие обиди да се ослаби опозицијата.

– Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во Европската Унија. Тоа е мојата стратешка цел – изјави Филипче.

Тој додаде дека опозициската борба ќе продолжи интензивно потенцирајќи дека земјата, според него, е економски пред бездна и дека актуелната влада ја води државата кон изолација.

Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со синхронизирана и компактна пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.

– Мојата работа се темели на чесни намери и верувам дека ако граѓаните ни ја дадат довербата на следните избори, можеме да ја водиме државата како вистинска европска демократија, без корупција – додаде тој.

Воедно, Филипче најави дека политичката партија ПОЕН на Рубин Земон ќе се приклучи кон СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра
Следна Статија Американската амбасадорка Агелер со отворено писмо до македонските граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ тој вели дека во наредниот мандат…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора…

July 19, 2026
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните…

January 11, 2025
ПОЛИТИКА

Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија

Али Ахмети од Тетово испрати порака до премиерот Христјан Мицкоски, објави 4NEWS.mk. Ахмети рече дека ако Македонија не продолжи по…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?