Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синдикат на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Синдикат на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена
ЕКОНОМИЈА

Синдикат на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена

Објавено January 23, 2026 18:08
Сподели
Сподели

Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до медиумите информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.

– Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД „Пошта“. АД „Пошта“ се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат даваме целосна поддршка во процесот на реформирање на претпријатието со изготвување нова систематизација со цел АД „Пошта“ да се издигне на ниво на конкурентен давател на услуги на пазарот – велат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Додаваат дека и во наредниот период целосно ќе застанат во одбрана на правата на вработените и постигнување ефективен договор со манџерскиот тим за почитување на трудот на поштенските работници.

– Сметаме дека отворен дијалог со сите засегнати страни е единственото решение да ги оствариме правата на вработените во АД „Пошта“, а претпријатето да ја постигне својата цел како државен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај – потенцираат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатон Сељами е новиот народен правобранител
Следна Статија Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка,…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе продолжиме со градба на вакви комерцијални објекти, а со самото тоа ќе се интервенира во цената на метар квадратен

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на станови за социјално загрозени семејства изјави дека и во…

February 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Добри вести за љубителите на кафе: Паднаа цените на светските берзи

Цените на кафето на светските стокови берзи во април паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, покажува најновиот извештај…

May 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава

Премиерот на Владата Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?