Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг

Објавено October 26, 2024 10:31
Сподели
Сподели

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме растот за годинава да го надмине проектираниот од 2,1%, и во следната да забрза на 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител од Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

„Проекцијата за раст за оваа година е 2,1% и остануваме на таа проекција, но јас сум повеќе оптимист дека на крајот на годината ќе имаме раст над 2,1%. Тоа го темелиме на ефикасноста во работатата на институциите, на раздвижување на активностите на реализацијата на проектите од Коридорот 8 и 10Д.,како и на реализација на проектите на општините. Како резултат на сето тоа ќе има раст“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, која додаде дека во наредната година се очекува раст од 3,7%, имајќи ги предвид очекувањата за раст на глобалната економија, особено на Германија како наш најголем трговски партнер, како и политиките на Владата.

Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг.

„Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст“, рече министерката за финансии.

Посочувајќи на податоци за реализација на буџетскиот дефицит на месечно ниво годинава и дека во периодот до преземање на власта има реализација на 71% од планираниот дефицит, истакна дека за следната година е планирано пониско ниво на буџетски дефицит.

Се осврна на средбите коишто ги реализира во Вашингтон, при што наведе дека се важни состаноците коишто ги одржа со финансиските институции коишто се вклучени во процесот на издавање на еврообврзниците на нашата земја и дека е важно тие да бидат редовно информирани за состојбите, а со цел, како што рече, кога ќе излеземе на пазарот со нова еврообврзница да добиеме многу подобри услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Скопје: Тинејџер прободен со нож, напаѓачот е 15-годишно дете
Следна Статија ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?