Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации
МАКЕДОНИЈА

Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации

Објавено January 26, 2026 13:03
Сподели
Сподели

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе еден месец е нефункционална поради истекот на мандатот на претходниот директор и неговиот заменик, и неименувањето на ново раководство од страна на Собранието.

Правото на граѓаните до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права гарантирани со меѓународните и европските конвенции, како и со Уставот на  Македонија.

Пристапот до информациите што ги создаваат и поседуваат јавните институции, а се во сопственост на граѓаните, им овозможува на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството, да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции, да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и да бараат одговорност од властите. Исто така, пристапот до информации од јавен карактер е една од најзначајните алатки за граѓанските организации, медиумите и истражувачките новинари за борба против корупцијата со откривање неправилности и злоупотреби во работењето на јавните институции и во користењето на јавните средства.

Поради немање раководни лица, односно директор и заменик на директорот, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не може да одлучува по жалбите од барателите на информации, ниту целосно и редовно да ги остварува своите законски надлежности. Со ова се оневозможува целосното остварување на правото на граѓаните и сите заинтересирани страни на пристап до информациите од јавен карактер, односно до начинот на којшто јавните институции работат и ги трошат парите на граѓаните.

Оттука, се повикуваат пратениците, итно да именуваат раководни кадри на Агенцијата обезбедувајќи континуитет во нејзиното работење и во досегашното успешно остварување на заштитата на правото на граѓаните до јавни информации, стои во реакцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta
Следна Статија Зимска олуја може да предизвика прекини во струјата за до 200.000 корисници во областа на Хјустон, вели CenterPoint

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори

Денеска присуствував на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

Формирањето на Министерството за дигитална трансформација беше стратешка одлука затоа што додека државите во регионот со забрзано темпо чекореа кон…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Ѓорче Петров ќе додели по 8.000 денари за секое новороденче

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум

Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?