Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било

Објавено January 27, 2026 11:07
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава – Националниот ден на Србите во земјата, во која истакна дека пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било за заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.

Во честитката таа им посака добро здравје, мир и спокој, како и радост и слога во нивните домови. Претседателката истакна дека делото на свети Сава како просветител и мировник претставува траен патоказ за негување на духовноста и градење заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање.

Сиљановска-Давкова нагласи дека српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен дел од македонското мултикултурно општество и дека нејзиниот придонес во сите општествени сфери ја прави државата побогата и попросперитетна.

Таа порача дека во време на ногтубројни предизвици пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било и повика на заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вертикозон заврши голема набавка од 20 милијарди долари со потенцијални влијанија врз дивидентите
Следна Статија (ВИДЕО) Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години

Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вчерашната емисија „360 Степени“ вели дека се уште не сме земја членка на Европската…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните…

May 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Откриена бременост кај 14-годишно девојче на ГАК, мајката пријавила во полиција

Мајка од Скопје во полицијата пријавила дека нејзината малолетна ќерка е бремена, а подоцна и самото девојче признало дека имала…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?