Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција
ЗДРАВЈЕ

Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција

Објавено January 27, 2026 14:18
Сподели
Сподели

Светот е во паника по одлуката на гигантот „Нестле“ да спроведе едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата. Француските власти истражуваат два смртни случаи на доенчиња кои го консумирале спорниот производ, додека во Белгија веќе е потврден случај на бебе кое се разболело од опасниот токсин цереулид, сооопшти „Еуроњуз“. .

Проблемот потекнува од фабриката во Холандија, каде била користена состојка од кинески добавувач контаминирана со бактеријата Bacillus cereus. Повлекувањето опфаќа познати брендови како SMA, Beba, Guigoz и Alfamino. Иако кај нас сè уште нема официјална потврда за спорните серии, родителите се повикуваат на исклучителна претпазливост и проверка на сериските броеви на амбалажите.

По масовното повлекување на бебешки формули во над 60 држави, здравствените власти алармираат за симптомите на труење со токсинот цереулид. Овој токсин е исклучително отпорен на топлина, а симптомите се појавуваат брзо – од 30 минути до три часа по консумирањето на млекото.

Најчестите знаци се силно повраќање и водена дијареја, кои често наликуваат на обичен стомачен вирус, што може да ги завара родителите. Изворот на контаминација е откриен кај кинески добавувач на масло, а „Нестле“ веќе соработува со меѓународните институции за да се спречат дополнителни трагедии. Советот до сите родители кои користат формули на овој производител е веднаш да се консултираат со педијатар доколку забележат каква било промена кај своето дете.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители
Следна Статија Триста компании ќе бидат поддржани со грантови за зелена трансформација во вкупен износ од 25 милиони евра, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Космичките зраци можат да влијаат на воздушниот сообраќај: експерт за планетарна одбрана открива

Пилотите брзо се опоравиле, но можело да биде и полошо

December 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најпопуларната диета во светот: Методата 5/25/25 ги топи сите насобрани килограми

Нема смисла да се залажувате – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?