Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници
СВЕТ

Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

Објавено January 27, 2026 17:18
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател на Европската комисија (ЕК) и долгогодишен соработник на германскиот канцелар Хелмут Кол, политичарот од Луксембург Жан-Клод Јункер (71) ги предупреди лидерите на Европската унија дека ќе бидат губитници ако му се додворуваат на американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Можете да направите сè, но ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници. Наместо тоа, мора да му пристапите со крената глава и под еднакви услови“, предупреди Јункер (71), објавува германскиот весник „Билд“.

Тој потсети дека откажувањето на Трамп од дополнителните царини за осум европски земји кои се спротивставија на неговата намера да го преземе Гренланд по секоја цена покажа дека е подготвен да соработува со своите европски колеги ако тие дејствуваат самоуверено и хармонично.

„Европската Унија се ослабува секогаш кога дејствува неодлучно и е поделена од националните политики. Потоа Европа ја намалува сопствената важност, а Трамп, се разбира, ја користи оваа слабост“, рече Јункер.

Како што потсетува „Билд“, во текот на летото 2018 година, самиот Јункер преговараше за трговски договор со Трамп во Белата куќа во услови на високи тензии, избегнувајќи закани за американски царини. Иако преговорите беа многу тешки, на крајот дури имаше и бакнеж во образ, пишува „Билд“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија APTAMIL итно се повлекува од продажба во Македонија
Следна Статија Лишен од слобода возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Што знаеме за новата руска ракета „Орешник“?

Новата руска ракета „Орешник“ брзо стана фокус на големо меѓународно внимание. Најавена од рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, ова…

November 23, 2024
СВЕТ

Егзекутиран новинар во Саудиска Арабија за објави на “Твитер”

Саудиска Арабија егзекутираше новинар во саботата откако највисокиот суд во земјата ја потврди смртната казна, соопшти државната новинска агенција. Истакнатиот…

June 16, 2025
СВЕТ

Епископите на Православната црква на Украина се подготвуваат да ја затворат својата црква

Епископите на самопрогласената Православна црква на Украина (ПЦУ) се подготвуваат да ја затворат својата црква. Епископот на Ужхород и Чуст,…

March 6, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Најозлогласениот нарко- бос Ел Менчо е погребан во златен ковчег

Озлогласениот мексикански наркобос Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водач на картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG), вчера е погребан…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?