Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација
МАКЕДОНИЈА

Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

Објавено October 26, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието, особено високото образование и дека се преземаат чекори во насока на стабилизирање на состојбите. Најави зголемување на буџетот за образование на 40 милијарди денари и екипирање на одборите за акредитација и евалуација.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Аеродром, премиерот рече дека се извршени вонредни инспекциски наоди на неколку универзитети и дека веќе има наоди и јасна слика што се случува.

На почетокот на мандатот веднаш беше поништена една сомнителна одлука за формирање на еден отсек на еден универзитет, кој е поврзан со многу сомнежи во минатото. Како Влада тоа го пресековме и ги поништивме акредитациите за два приватни института. Направени се вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат на неколку универзитети, Климент Охридски, Апостол Павле, Државниот универзитет во Тетово, Меѓународниот универзитет во Струга. Веќе имаме наоди и јасна слика што се случува. Исто така морам да потенцирам дека буџетот во образованието ќе биде зголемен од 30 на 40 милијарди денари. Постигнат е историски договор со Синдикатот за зголемување на платите во периодот од четири години, нешто што досега беше фантазија. Исто така полека, но сигурно, ќе почнеме да ги екипираме одборите за акредитација и еваулација да бидат она што навистина треба да бидат – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор
Следна Статија Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен, јас сум против каква било поделба меѓу ЕУ и БРИКС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Можни се рестрикции на вода во Скопје

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се воведува нов начин на плаќање во автобусите на ЈСП

ЈСП Скопје информира дека воведен е нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?